Четириесет и шестгодишен маж од селото Дросеро кај Ксанти во Грција е убиен поради расправија за малолетно девојче во која се вмешани две ромски семејства. Според грчките медиуми, до расправијата дошло бидејќи убиениот го прекршил договорот со убиецот, 37-годишен маж, кому претходно му ја продал петнаесетгодишната внука, за неговиот син, објави Република.
Внуката наводно ја продал за 6.000 евра и било договорено таа да се омажи за синот на убиецот. Неколку недели по свршувачката на двајцата малолетници, дедото наводно се предомислил и ја однел внуката дома, но не ги вратил парите што ги добил за него, пишува Ксантинеа.
Έκρυθμη η κατάσταση στο Δροσερό – Φόβοι για βεντέτα μετά την δολοφονία του 45χρονου https://t.co/YqPqGY0ScB #ΔΡΟΣΕΡΟ
— Voice News (@apokalyptikodel) March 23, 2023
Исто така, се тврди дека дедото на девојчето непосредно пред да биде убиен, заедно со членовите на семејството, ја ограбиле куќата на осомничениот убиец, а потоа ја запалиле неговата и куќата на неговите брат. Снимката од пожарот ја објавиле на социјалните мрежи.
Тензиите меѓу двете семејства продолжиле, и како што наведуваат медиумите имало многубројни инциденти меѓу нив во селото.
Според грчките медиуми, во неделата, на 19 март, четворица мажи, татко со два сина и зет, упаднале во куќата на жртвата. Тие влегле во неговата соба во која дедото спиел со сопругата, синот и четирите малолетни внуци и го застрелалесо пет куршуми во стомакот. Со тешки повреди тој бил пренесен во болница, но по операцијата починал.
Роднините на жртвата сега се револтирани и сакаат да се одмаздат. Во објавите на социјалните мрежи им се закануваат на семејството и ќерките на осомничениот за убиството.
„Ќе ти гори срцето. Штом излезеш од затвор, ќе бидеш погребан покрај твоите ќерки“, вели еден од членовите на семејството на убиениот во видеото кое се појави на ТикТок.
Ниту осомничениот не „останал должен“ и на Тик-Ток објавил заканувачки видео.
„Ако ми наштетите, ќе ве убијам сите за 40 години“, вели осомничениот.
Подоцна бил уапсен од полицијата, заедно со еден од неговите синови, а вчера биле уапсени и другиот син и неговиот зет. Полицијата го разгледува и сценариото во кое насилникот мислел дека жртвата го предала кај надлежните за некое дело што го направил и сакал да му се одмазди.
Според грчката полиција, човекот во минатото имал бројни проблеми со властите и неодамна бил уапсен по голема полициска акција во Дросеро. При претресот во неговиот дом, пронајдено е оружје и дрога. Четворицата мажи остануваат во притвор.