Спасовски се обидел да сокрие дека била украдена пушка на поранешниот началник на СВР Скопје, oбјави „Алфа“.
Според нивните информации, инцидентот се случил вечерта на 7 февруари, кога бил извршен грабеж на службено возило на МВР, кое што го користел началникот на Специјалната антитерористичка единица Тигар, Дејан Прокоповски, а украдено било огнено оружје на поранешниот началник, а сега дополнителен заменик началник на СВР Скопје, Кирчо Даневски.
Извор: АЛФА