Се срушил хеликоптер кој вршел обука за пребарување и спасување кај Норвешка – еден загинат, петмина повредени

0
179

Едно лице загина, а пет се повредени откако хеликоптер се урнал во океанот западно од Норвешка, јавува Ројтерс.

Тој вршеше обука за пребарување и спасување. Шестте лица на бродот биле извлечени од водата од спасувачите, но еден од нив подоцна починал во болница.

Еден од петте преживеани имал полесни повреди, додека другите четворица се здобиле со различен степен на повреди, додаде полицијата. Се уште не е позната причината за несреќата.