Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец” во Скопје, во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт од 2001 година.