Лекари со „автотрансплантација“ му го вратиле видот на слеп човек

0
178

Во болницата „Молинете“ во Торино, за првпат во светот, благодарение на специфичната трансплантација на дел од едното око на местото на другото, 83-годишен маж кој, поради разни болести, останал целосно слеп во двете очи – прогледа.

Тој го изгубил видот на едното око пред 30 години, а на другото пред 10 години поради ретка болест која целосно му ја уништила рожницата и површината на окото, објави slobodenpecat.mk.

На левото око не било можно да се врати видот, но останало површински добро сочувано. Трансплантацијата на неговиот дел на десното око му овозможила повторно да гледа. Операцијата траела четири часа, а тимот хирурзи бил предводен од професорот Микеле Реибалди, директор на очната клиника „Молинете“ и Винченцо Сарникола, претседател на италијанското здружение за рожници и матични клетки.

Две недели по операцијата, пациентот е во состојба да препознава луѓе и предмети и самостојно да се движи. Левото око е реконструирано за естетски цели благодарение на ткиво на донор.

„Кога се разбудив и повторно почнав да го гледам обликот на моите прсти, чувството беше како повторно да сум се родил“, биле првите зборови на пациентот кој живее во Торино.

Текстот во целост на:slobodenpecat.mk.