Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Масовна тепачка на ракометното дерби Вардар – Пелистер кое во моментов е прекинато во скопската сала „Јане Сандански“.

Големото дерби ја исполни салата буквално до последно место, па игла нема кај да падне во пресметката на Вардар и Пелистер за тронот.

Пет минути по почетокот на мечот, во салата беа пуштени навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ и почаа на сите страни да „летаат“ димни бомбу и столчиња. Полицијата не можеше да ги раздвои двете групи. Натреварот беше прекинат кога димните бомби почнаа да паѓаат на теренот.

извор и фото: Република