Се уште се интересни за јавноста љубовните приказни на Шакира и Пике и скандалите по нивното раскинување.
Фудбалерот и пејачката раскинаа по 10 години врска, поради неверството на Пике.
Во јавноста се појавија бројни детали од нивната врска, за аферта во која наводно е вмешано целото семејство на фудбалерот.
Популарната пејачка прво дознала за изневерувањето на својот долгогодишен партнер, а потоа и за „предавството“ на неговата мајка.
Жерар Пике ја изневерил Шакира со Клара Чија Марти.
Според „The Sun“, мајката на Пике, Монсерат Бернабеу цело време знаела за неговото неверство и ја криела оваа афера.
Според шпанските медиуми, ваквата вмешаност на Монсерат е најголемата причина поради која тие две не се согласувале.
„Сето ова е затоа што кога започна врската на Пике и Клара, тие се криеја во куќата на родителите на Пике во Кабрилс, Шпанија“, тврди шпанската новинарка Лаура Фа.
Според шпанските медиуми, извор близок до фудбалерот и неговото семејство бил сведок на физичка пресметка меѓу Шакира и Монсерат.
fokus.mk