Само кукавици и плашливци се закануваат во пораки. Еве јавно го повикувам дотичниот Роберт, кој ми се заканува мене, а и на претседателот Мицкоски, дека ќе ни ги ликвидирал нашите семејства, да се сретнеме ЛИЧНО, ОЧИ ВО ОЧИ, напиша на својот ФБ профил Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Доколку остана некој психички нормален во раководството на СДС, барам осуда и оградување од ваквите закани на нивни членови. Исто така, барам од Претседателот на државата, г-нот Стево Пендаровски, да ја повлече издадената Благодарница на ваков насилник. Ја повикувам и меѓународната заедница будно да ја следи состојбата со опозициските пратеници и функционери, кои се мета на секојдневни закани, следења и заплашувања со досиеа незаконски водени од функционерите на власта.Доколку институциите на државата не сакаат да не заштитат, ќе бидеме принудени сами, како знаеме и умееме, да се заштитиме себе си’ и нашите семејствата. И на крај, да им биде јасно на СИТЕ, и по цена на мојот живот, НЕМА да гласам за уставни измени, затоа што немам мандат од граѓаните.
извор: ФБ Бране Петрушевски