Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на вонредна прес – конференција изјави дека вечерва се случи класична монтажа.
Според него, требало да биде убиен тој или некој недолжен граѓанин. Вели дека ова нема врска со меѓуетничка нетрпеливост.
„Подолго време добивам неформални информации за моја ликвидација, вечерва полицијата ја немаше , а мистериозно се појави група од 10 луѓе. Беа испукани повеќе истрели кои за среќа не завршија во народот. Ваквото сценарио го најави власт. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не поминел предлогот. Ковачевски и Спасовски градат милитантен контекст, имаше најава за молотови коктели, за жртви, и откако не им успеа веќе го достигнаа врвот во монструозноста каде требаше да се загуби човечки живот за да останат на власт. Видете го овој пиштол и видете го народот кој не му се плаши. Овој пиштол е е свртен кон народот. Тој беше насочен кон губење на невин човечки живот. На овие слики кои ги гледаме не е најважна етничката припадност, туку гледаме криминалци кои заедно со власта одат против народот. Немојте да се убедувате и да кажувате дека луѓето се од оваа или онаа политичка партија, туку тие имаат една страна , страната на криминалот. Мојата порака до Албанците е дека оваа борба е заедничка, наша и заедничка низ вековите”, изјави Мицкоски.
Вели дека ваквото сценарио го најави власта, односно министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Оваа слика јас ви ветувам дека нема да ја заборавиме“, кажа Мицкоски.
Тој рече дека хушкачи и власта одат против народот. Кажа дека тие имаат една страна, а тоа е страната на криминалот. Мицкоски најави дека нема да се повлечат, туку ќе одат до крај помасовно. Протестите продолжуваат утре во 19 часот.
фото: PRTSC