Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струја

0
73

Собранието доцна попладнево едногласно, со 84 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан, го донесе Законот за дополнување на законот за енергетика.

Со овј закон се предвидува да се спречи зголемување на цената на струјата од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар. Претходно, законските дополнувања беа усвоени од матичната комисија за економски прашања и на законодавно-правната комисија. Новата цена на струјата се очекува да биде објавена најдоцна до петок, а од регулаторна уверуваат дека нема да има ценовен шок за граѓаните.

извор:Канал 5