(ЖИВО) Галичка свадба – Галичник одекнува со зурли и тапани

0
233

Денеска се одржува 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра.

Годинава, галички зет и невеста се Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да“ во Галичник на 28 август.

Инаку, програмата на годинешната Галичка свадба започнува на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.

Програмата на годинешната Галичка свадба почна на 15 јули, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.

 

видео: МЗ Галичник

Фото: PRTSC МЗ Галичник