Денеска во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. На средбата, чиј домаќин е бугарскиот премиер Кирил Петков, ќе учествуваат романскиот премиер Николае Чука, македонскиот премиер Димитар Ковачевски и премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ. Службата за информирање на бугарската влада соопшти дека на средбата се очекува премиерите да разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.