Украина темелно го проучува прашањето за неутралност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека темелно го проучува прашањето за неутралноста на Украина, една од централните точки на преговорите со Русија за ставање крај на конфликтот. Една од клаузулите во преговорите се однесува на „безбедносните гаранции и неутралност и денуклеаризиран статус на нашата држава“, а тоа е барање на Москва, изјави Зеленски во интервју за руските медиуми, кое го пренесе украинското претседателство.

 

Радио Слободна Европа