Поранешниот функционер Ване Цветанов и сопруг на поранешната мис на Македонија Дунавка Трифуновска избегал од Македонија откако пред 4 месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“, пренесува 4NEWS.mk.
„Станав еден од главните противници на Никола Груевски и многу му помогнав на Зоран Заев да дојде на власт“, вели Ване Цветанов, поранешен директор на Надзорниот совет за ревизијa.
Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, ја ангажираше жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Тој тогаш изјави дека нема нешто спорно во тоа што Трифуновска со која имаат склучено само црковен, но не и граѓански брак, работеше во институцијата со која тој раководеше.
извор: 4NEWS.mk.