Во студентскиот дом „ Гоце Делчев“ им биле одземени грејните тела и добиле закани …

Владата повторува дека треба да се штеди, ама не ги скрати своите џебови, туку удри по елементарните услови за живот на студентите. Во студентскиот дом „ Гоце Делчев“ им биле одземени грејните тела, и не само тоа. Добиле закана дека ако повторно вклучат некое грејно тело ќе бидат избркани од студентскиот дом . Информацијата ја обелоденија од движењето „ Студентски отпор“. Алармираат дека студентите во текот на целата зима и во други студенски домови не биле изземени од антикризните мерки – нешто што им беше ветено од Владатa.

Гледаме дека и покрај тоа што беше најавено дека студентите ќе бидат изземени од антикризните мерки на Владата , тоа не го гледаме во пракса што беше пример и во текот на зимата , на студентите во другите студентски домови им беа гаснети ливтовите, немаа топла вода не беа изземени од антикрините мерки а тоа гледаме дека продолжува и понатака и тоа го покажува и последниот пример во студентскиот дом „Гоце Делчев“ каде им беа одземени грејните тела . Говориме за елементарни услови за престој за хигиена . Многу е жално и иронично во 2023 година во 21 век да говориме за вакви елементарни услови на престој и хигиена, вели Милица Давчева од „ Студетски отпор“ .

Власта нема никаков слух за нашите барања – ништо не е исполнето , реагира Давчева. Додека по цела вечер се осветлени Владата , Собранието и останатите институции, а функционерите ќе си добијат повисоки плати, студентите живеат во страшни услови.

фото: ФБ „ Студентски отпор“