Ендрју Тејт со цигара во својата соба откако беше префрлен во домашен притвор: Мора да ja победиме Сатаната

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт излезе од затвор заедно со неговиот брат Тристан и ќе биде во домашен притвор до судењето, а од неговото ослободување веќе неколку пати се огласи на социјалните мрежи.

Тејт објави видео на Твитер како шета напред-назад во куќата.

„Од минатата година сум во 24-часовен карантин. Не ме пуштија ни во дворот. Одење во ќелија долга три метри без електронски уреди и контакт со надворешниот свет. Апсолутна чистота на умот. Вистински мисли, реални планови. Чиста болка“, напиша Тејт.

Инфлуенсерот додаде дека по само еден час дома не можел да го издржи телефонот и завршил со пораката: „Мораме да ја победиме Сатаната“.

Браќата Тејт беа уапсени кон крајот на минатата година под обвинение за силување, трговија со луѓе и формирање организирана криминална група. Тие ги негираа сите обвинувања.

Протечените судски документи вклучуваат сведоштва на наводни жртви кои тврдат дека биле принудени да заработуваат 10.000 евра месечно на социјалните мрежи, под закана за физичко насилство, наведува Би-Би-Си.

Се наведува и дека долговите би ги искористиле како форма на психолошка принуда. Од април минатата година, кога започна истрагата, обвинителите собраа шест жртви.

Досега, меѓутоа, официјално не е покренато обвинение.

видео: TWITTER