Двете малолетни девојчиња на возраст од 12 и 15 години кои исчезнаа пред три дена, денеска околу пладне биле пронајдени во близина на Веро во скопски Чаир.
Нивни роднини информираа дека граѓани ги виделе и ги запреле, а веднаш потоа ја известиле полицијата. Оваа вест ги израдува членовите на семејствата, но за жал поради исчезнувањето, влошена му е здравствената состојба на еден од татковците.
Енгин за ТВ 24 вели дека состојбата на неговата ќерка е добра и се вршат институционалните процедури.
Официјално дека завршила потрагата за девојчињата потврдуваат и од МВР. Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар.
– Денеска во 13:30 часот на ул. Џон Кенеди“ кај продажен објект во паркот од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар по деноноќната потрага се пронајдени малолетничките М.К ( 15 ) и А.А ( 12 ) за кои на 30 03 2023 во вечерните часови беше пријавено дека се одалечиле. По документирање на случајот малолетничките ќе бидат предадени на родителите.
Потрагата траеше три дена. И на социјалните мрежи имаше апели по што се вклучија и членови на навивачки групи. 15 годишната Мелиса досега неколку пати се оддалечувала од домот и повторно се враќала. Засега нема официјални информации дали двете девојчиња заедно исчезнале и имаат поврзаност двата случаи.
фото: Архива