Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности.
Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, се вели во соопштението од компанија.