Деновиве во Пекинг се одржува Младинскиот форум за развој „МОСТ на иднината”, каде присуствува нашиот претседател на Црвена Младина – Марио ЈАНЕСКИ.
На почетокот на својот говор, Јанески потенцира дека ќе го користи единственото државно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ги замоли присутните да го користат тоа име. За време на настанот, организаторите од Н.Р. Кина го користеа името Република Македонија, во духот на нивната политика на соработка помеѓу народите, без мешање во внатрешните работи на државите.
Сведоци сме на забрзана промена на геополитичката сцена и единствената визија за СОРАБОТКА меѓу нациите неминовно ќе биде градена врз принципите на меѓусебно почитување- наместо врз уцени, закани и санкции!