Блокот ГЕРБ-СДС победи на вонредните избори во Бугарија

Блокот на десниот центар ГЕРБ-СДС победи на вонредните избори во Бугарија, петти во последните две години, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Блокот предводен од партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освои 26,47 отсто од гласовите.

Бугарската државна новинска агенција БТА објави дека се преброени 94 отсто од гласовите и дека прозападно ориентираниот реформистички блок што го сочинуваат партијата Продолжуваме со промените (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ) се на второ место со 24,96 отсто.

Партиите на крајната десница Препород е на трето место со 14,39 отсто, а Движењето за правата и слободите на турското малцинство е на четврто со 12,96 отсто.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Има такви луѓе (ИТЛ), исто така, успеаја да влезат во Парламентот, со 8,95 отсто и 4,16 отсто освоени гласови.

Граѓаните на Бугарија петти пат во последните две години вчера излегоа на гласање. Над 6,6 милиони Бугари со право на глас имаа можност да избираат 240 пратеници за новиот состав на Парламентот.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.