Зошто Ковачевски и Ахмети молчат за предлогот да се ископира Хрватскиот модел на устав, земја членка на ЕУ која до вчера ја кажуваа за пример?
СДС и ДУИ треба да се изјаснат за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Уставот на Македонија да се преслика од тој на Хрватска, каде Македонската држава ќе се означи како држава на Македонскиот народ и малцинствата кои живеат во Македонија, каде поименично ќе се запишат сите кои беа опфатени во последниот попис, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Пресликување на Хрватскиот модел, е одличен пример за Македонија.
Хрватскиот устав е устав на земја членка на ЕУ и сметаме дека пресликување на истиот може само да ја зацрвсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди.
Доколку СДС и ДУИ се искрени тие нема зошто да се противат на хрватскиот модел, кој ги гарантира правата на сите малцинства.