Нема никаков раскол во Левица, вели лидерот на партијата Димитар Апасиев, кој во Сител подкаст беше запрашан за случајот со браќата Масларковски, кои пред извесно време ја напуштија Левица.
– Тие се купени од ВМРО-ДПМНЕ и сета среќа што сега ги испукаа ќорците. Им давале Пецаков и Тимчо некои тезги да свират, а тие за возврат треба да направат нешто, ама за среќа ние ги дисциплиниравме. Ама така е скорена статутарно партијата и не остава простор за пуч. Двајца си одат, а 200 нови доаѓаат – вели Апасиев.
Тој дополни и дека Левица е формирана за да дојде на власт, но не по секоја цена.
– Ние кршиме правила, но не кршиме принципи – додаде Апасиев.
Тој очекува по парламентарните избори партијата да има своја пратеничка група во Собранието, а ако некој ја покани да биде партнер во власта, тогаш нема да бидат пресудни министерските места, туку платформата на која ќе се преговара.
Целото интервју погледнете го на видеото: