МВР соопшти дека се лишени од слобода насилници од Скопје кои на подрачјето на Бит Пазар нападнале сограѓанин и му нанеле тешки телесни повреди.
Се работи за скопјанецот М.А. (33) кој од насилниците бил нападнат со остар и тврд предмет.
Како што наведува МВР, синоќа, во 19.40 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје најпрво го лишиле од слобода С.Е.(30), а денеска во 09.25 часот биле лишени од слобода И.Е.(27), Х.Е.(48) и Б.Е.(23).
По целосно расчистување на случајот, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.