На 08.03.2024 во 19:00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш.
Тој дошол во просториите на полициската станица Радовиш во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.