Мицкоски: Ветувам дека ќе дојде ден кога надлежените ќе одговараат за криминалниот тендер за надзорот на изградбата на Коридорот 8

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Бутел запрашан како го коментира настанот во Тетово за поставувањето на камен темелник на Коридорот 8 потенцираше дека надлежните за овој криминален тендер денеска требело да дават исказ пред јавно обвинителство. Имено Мицкоски порача дека иако надлежните имале други планови, но ќе дојде тој ден кога тие ќе одговараат за целиот овој криминал.

-Па јас очекував да тие, надлежните кои што се за оној криминален тендер за надзорот и супервизијата денес да даваат исказ во обвинителство, ама очигледно дека тие имале други планови, но ќе дојде денот кога и исказ ќе дадат, верувајте. Бидејќи да се потрошат 30 милиони народни пари, да се фрлат во ветер во компанија која што има сомнителен капитал од истокот, а чиј што подизведувач главно и основна дејност му е производство на долен веш, навистина претставува премногу. Денеска еден ден ќе дојде јас ви ветувам, ќе дојде тој ден кога овие луѓе ќе даваат исказ пред јавен обвинител, потенцираше претседателот Мицкоски.

Извор: ВМРО ДПМНЕ