Евангелието раскажува како Христос, шест дена пред Својата смрт, со особена внимателност на народот „кој стои тука, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил“ (Јн. 11,42) отишол кај Својот мртов пријател Лазар од Витанија, кој се наоѓа надвор од Ерусалим. Тој знаел дека се приближува смртта на Лазар, но промислено го одложувал Своето доаѓање, велејќи им на Своите ученици за смртта на Својот пријател: „Но се радувам заради вас, зашто не бев таму, та да поверувате“ (Јн. 11,15).
Кога Исус пристигнал во Витанија, Лазар веќе бил четири дена мртов. Оваа вистина е постојано нагласена од Евангелскиот расказ и литургиските песни на празникот.
Четиридневниот гроб ја подвлекува страотната реалност на смртта.
Човекот, кој е создаден од Бога по Својот лик и подобие, е духовно – материјално битие, единство на душата и телото.
pravoslavie.mk