Божествена литургија за прв пат во село С’ботско утре на 13 април, македонската заедница во Елада

0
143
12 април 2023 година, Солун, Беломорскиот дел на Македонија – На Велики Четврток, 13 Април 2023 година, во С’ботско (Аридеа) за прв пат ќе се одржи Божествена литургија во црквата (Молитвен дом) Света Злата Мегленска во новиот простор на црквата!
Добредојдени се сите добронамерници кои сакаат да присуствуваат на овој историски настан во С’ботско, Беломорска Македонија.
Божествената литургија ќе трае од 7:30 до 10:00 часот по локално време.
На Божествената литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреподобие отец Никодим Царкњас, Архимандрит Мегленски.