Турција го лансира првиот национален сателит за набљудување на Земјата

0
143

Туркије денес успешно го лансира во вселената првиот национален сателит со висока резолуција за набљудување на Земјата, наречен ИМЕЏЕ, јавува Анадолу.

Првиот сателит од турско производство е лансиран утрово од базата на вселенските сили Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија во 8:48 часот по средноевропско време.

Со ова лансирање, Туркије првпат ќе има електрооптичка сателитска камера со висока резолуција во орбитата.

Орбитата на ИМЕЏЕ ќе се совпадне со Сонцето на височина од 680 километри и ќе служи во полето на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата, како и во земјоделството и шумарството.

Во текот на петгодишната мисија сателитот ИМЕЏЕ ќе снима слики од целиот свет.

извор:Анадолу.

фото: Tayfun Coşkun/AA Анадолу.