Пецаков: Велигден е возвишен ден затоа што е празник во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта

Дозволете ми да ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да ви посакам здравје, благодет, Христова љубов и спокој во секој дом и во сечие срце.
Празнувањето на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, затоа што е празник во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. Велигден е денот кога со радост го славиме животот, кој извира од секој храм, од секој дом и од срцето на секој верник.
Христовото Воскресение е темелот на православната вера, празник на надежта и смислата на нашето постоење. Да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме со најблиските и семејството. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов и да правиме добри дела, преку кои ќе ја потврдиме смислата на нашето живеење.
Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово и нека Господ нѐ обдари со сила, верба и благослов за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно.
Нека е за многу години големиот празник!
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!