На социјалните мрежи се појави ново видео од дивеењето на бугарските хулигани вчера на стадионот “Тодор Проески”.
Како што можете да забележите на видеото тие се обидуваат да влезат во зградата, внатре е македонската полиција, а навивачите маваат буквално со се што ќе им се најде при рака, објави infomax.mk.
Бугарските медиуми вчера пренесоа дека навивачите биле уапсени “за ништо”, односно дека биле мирни, а македонската полиција ги апсела од националистички побуди, но ова видео го покажува токму спротивното.
Од МВР известија дека во текот на вчерашниот ден 21 лице се приведени, од кои 19 се бугарски навивачи, а двајца од навивачката група Шверцери.
Се случи и инцидент во Чаир во кој беше ранет бугарски државјанин со ладно оружје, истиот е пренесен во болница и е во стабилна состојба.