Шестмина тинејџери убиени во масовно пукање на роденден во Алабама

Во масовно пукање на роденденска забава во Алабама се убиени шестмина тинејџери, а околу дваесест се повредени, информираат американските медиуми.

Пукањето се случило околу 22.30 часот, по локално време, кога полицијата го добила повикот.

Полициските власти се уште немаат информации за напаѓачот, или напаѓачите. Информациите се за сега оскудни, а на социјалните мрежи се шират фотографии од телата покриени со чаршави.

Оваа година во САД се случија најмалку 162 масовни пукања. Меѓу убиените се најмалку 75 деца под 11 години, и 434 тинејџери меѓу 12 и 17 години.

 

 

index.hr