Македонците во Албанија според традициите го одбележаа Воскресението Христово – Велигден

0
174

Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци, како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и други градови.

На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Како и секоја година и ова година за Велигден, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Воскресението Христово – Велигден.

 

vesnik-ilinden,com