Полициски службеници од СВР Тетово, на 20 април во 23 часот, на улицата „Благоја Тоска“ лишиле од слобода малолетник, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Малолетникот бил пријавен од С.С., на возраст од 48 години, од Тетово дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал со оружје. Нешто подоцна, тој бил пријавен и од Д.Љ., на возраст од 24 години, од Тетово, дека и нему му се заканувал, појаснија од МВР.
Од малолетникот бил одземен гасен пиштол.
По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.
извор: МВР