(ВИДЕО) Пентагон објави ново видео од НЛО, снимено од американски воен дрон

0
163

Американската влада следи повеќе од 650 потенцијални случаи на неидентификувани појави, познати како НЛО, рече Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (ААРО) на Пентагон, додека објави две видеа до Сенатот.

Киркпатрик завчера пред Поткомитетот за вооружени служби на Сенатот изјави дека бројот на забележани вакви феномени е зголемен во споредба со 350-те пријавени во разузнавачкиот извештај за неидентификувани појави објавен претходно оваа година.

„Околу половина од 650 случаи на кои им дадовме приоритет на набљудувањето поради интересна аномална вредност“. Сега треба да ги поминеме и да дознаеме колку реални податоци располагаме“, рече Киркпатрик и додаде дека неговиот кабинет им помага на Пентагон и на разузнавачката служба во идентификувањето на новите технологии на странските земји, пренесува Index.hr.

 

 

nova.rs