Струмичанец уапсен за тешка кражба – од маркет украл 663 кутии цигари

0
134

Полициски службеници од СВР Струмица го успасиле струмичанецот Г.П. (40) поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица.

Од МВР информираат дека при претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот.

Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор:МВР