Иницијатива за формирање македонска православна црковна општина „Свети пророк Илија“ во Брисел

0
171

Вчера се одржа втор состанок во проширен состав на Иницијативниот црковен одбор за формирање на Македонска православна црковна општина “Свети Пророк Илија” во Брисел.
Иницијативниот црковен одбор утврди заклучоци за што побрза реализација на иницијативата за формирање на Македонска православна црковна општина “Свети Пророк Илија”.
Иницијативниот црковен одбор упати јавен повик за пристапување на нови членови и за проширување на составот.
– Ги повикуваме сите православни Македонци кои се заинтересирани, да се приклучат на иницијативата, – се вели во јавниот повик на Иницијативниот црковен одбор за формирање на Македонска та православна црковна општина “Свети Пророк Илија” во Брисел, Белгија.
фб Тодор Петров