На Википедија осамна страница на „Суверена бекташка држава“ во Албанија

Суверената држава на Бекташите во Тирана, веќе има своја страница на Википедија, најголемата онлајн енциклопедија, објавија албанските медиуми.

-Зачудува фактот што оваа страна беше формирана веднаш, речиси преку ноќ, откако премиерот Еди Рама ја пренесе веста за планот за суверена држава на Бекташи на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, наведуваат медиумите.

Додаваат дека веб-страната на „Суверена бекташка држава“ на англиски има точни информации кои се совпаѓаат со она што Рама го изјавил, дури и детали за тоа како ќе функционира, областа што ќе ја зафаќа, валутата што ќе ја користи и друго.

-За создавање на бектешката држава ќе биде потребно одобрение од Собранието на Албанија.

Баба Монди, кој е врховен водач на Бекташите, изјави дека ќе служи како шеф на државата во улога на духовен водач, притоа нагласувајќи дека државата нема да има војска, граничари или судови.

Се планира државата да дозволи консумирање алкохол и да им дозволи на жените да се облекуваат како што сакаат, за разлика од поконзервативните исламски теократии, пишува на страната на Википедија.

Според медиумите на државата на Бекташите, албанската Влада ќе и отстапи површина од 270 хектари.

извор: МИА