Во изминативе три дена регистрирани се 72 позитивни на ковид-19, од вкупно 871 направен тест, информира Министерството за здравство.
Најголемиот дел од новите случаи односно 60 се во Скопје. Од вкупниот број позитивни, 18 се реинфекции. Регистрирани се и 161 оздравен пациент.
Во изминатите три дена не се пријавени починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се четири починати, во периодот од 14 септември до 6 октомври 2022.
МЗ