Се запалил авионот во кој летале фудбалерки на Арсенал

0
183

Авион во кој се наоѓале фудбалерките на Арсенал се запалил на пистата во неделата вечерта.

Инцидентот се случил на аеродромот „Брауншвајг“ во Волфсбург, каде фудбалерките требало да одиграат натпревар против екипа од овој град, објави „Дејли мејл“.

Птица влета во моторот непосредно пред авионот да полета. Пламенот веднаш почнал да излегува од Боингот 737.

Арсенал излезе со соопштение во кое се наведува дека фудбалерките безбедно се вратиле дома.

„Нашиот авион имаше технички проблеми пред да полета за Германија“, се наведува во соопштението.

24sata.hr