Почина бебе само два часа по породувањето нов случај во битолската болница

Уште еден смртен случај во болницата во Битола. Бебе починало само два часа од породувањето.

Мајката која има 24 години ова и била прва бременост. Вчера била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста.

 

 

Според лекарите пак, станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.

Мајката е во релативно добра здравствена состојба.

 

a1on.mk