Република: Сепак не било за децата – Васко Ковачевски се подготвува за амбасадор во Париз?

0
173

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски се спрема за дипломатка кариера во Франција. Како што дознава „Република“, по пропаднатите предлози за пополнување на амбасадорското место во Париз, Владата сега ќе се обиде со Ковачевски.

Веста доаѓа точно дваесет дена по неговата оставката , за која тој рече дека е од лични причини.

Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски на прес-конференцијата пред 20 дена.

На ова реагираше неговата поранешна сопруга која го праша – „На кое семејство ќе му се посвети??? На децата кои се возрасни и последните 15 години ги гледаше по 2 часа во неделата…“

извор: „Република“