Актерот Момчило Оташевиќ (33), најпознат по улогата во серијата „Кумови“, во „ИН Магазин“ проговори за својата нова животна ситуација по разводот со актерката Јелена Перчин (42).
– Ова се нови околности на кои треба да се навикнеш. И животот треба да се планира соодветно. А тоа сега следи – заклучил и додал дека апсолутен приоритет му се децата.
Актерот со поранешната сопруга има две деца, ќерката Маша и синот Јакша. Водителот го праша како го поминува времето кога е сам со нив.
– Секогаш уживам, генерално секогаш е некаква игра, или паркче или забавен парк – вели Момчило.
Момчило неодамна се расплака во една епизода од серијата „Кумови“, а откри дека и кога е за глума, ако плаче, плаче искрено.
– Прилично сум емотивен – призна и додаде дека ја сака песната ‘Жуте Дуње’ и таа секогаш го погодува.
24sata.hr