Бугарските медиуми пишуваат дека 49-годишен македонски државјанин е убиен во Сончев Брег од 14-годишник од Несебар.
Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со повреди на главата е пронајдено во Сончев Брег.
По увидот, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин кој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓушево.
Убиството е извршено со остар колец, а засега се непознати причините за истото.