Борко Ристовски: Сите пари што ќе ги добијам од судскиот спор ќе ги поделам на ФК и РК Вардар

0
232

На денешната прес-конференција, по повод суспензијата од Македонскиот олимписки комитет (МОК), Борко Ристовски не само што рече оти нема да ја почитува казната, туку најави и дека ќе го тужи МОК.

Притоа потенцира дека намерата не му е да заработи од МОК, туку какви било средства, кои би ги добил од таков случај, би ги донирал во РК и во ФК Вардар.

„Бев во контакт со неколку адвокати од странство и сите ми кажаа дека имам правна основа за тужба до Спортскиот суд во Лозана. Јас ќе го искористам тоа право и во наредниот период ќе испратам тужба до овој суд. Мојата цел не е да се земат средства од МОК, тоа се средства од спортистите. Сакам јасно да ставам до знаење дека немам намера да заработам со парите што би ги добил бидејќи јас ова не го правам за пари. Било кои средства што ќе ги добијам, ќе ги подарам на спортски клубови, половина за РК а половина за ФК Вардар“, изјави Ристовски, додавајќи дека нема амбиција да биде претседател на МОК.

извор:sport1.mk