Сливнички манастир – Духовно светилиште во Македонија кое треба да го посетите, место кое мајката божја им дала пород на многу жени

0
240

Манастирот Рождество на Пресвета Богородица е средновековен храм кој се наоѓа на 3 км над селото Сливница во Преспа. Датира од 1607 година , а е сместен во густа листопадна шума на стрмен и длабоко засечен дол, на западната падина на планината Баба , високо над источниот брег на Преспанското езеро.

При самото доаѓање во селото Сливница, доколку патот ве носи во овој манастир , добро е да побарате клуч од овој манастир бидејќи е затворен. Одењето до местото на мастирот е околу 10 тина минути со автомобил.

Манастирот има широк двор со зеленило, 20 конаци со околу 90 легла, кујна и трпезарија. На средината се наоѓа манастирската црква и камбанаријата , а од левата страна на црковниот храм има лековита вода за која се верува дека помага за пород и лечи од болести.

Голем број жени кои немаат пород доаѓаат , се мијат и пијат од водата и ја молат Богородица да им помогне да добијат чедо.

Целиот комплекс е граден со камен па дава поавтентичен изглед, додека пак густата шума и погледот кон Преспанското езеро влеваат мир и спокој.

Во внатрешниот дел на манастирската црква има живописен иконостас. На средината се наоѓа икона од Богородица, а она што посебно трогнува е големиот број молитви кои се напишани од жени што сакаат да имаат пород.

Манастирот е граден со помош на сите околни села и населенето од подалечните места, сите оние доброннамери христијани кои слушнале и донирале за изградбата.

Во близина на Сливничкиот манастир се наоѓа и еден од четирите најстари манастири во Европа светилиштетот Св.Ѓорги од Курбиново, новиот манастир посветен на Св.Петар и Павле  во село Подмочани и Св.Илија во село Грнчари.

 

 

labavo.net