„Поважен ми е мирот, отколку полното ќесе“- Игор Џамбазов со интересна приказна од својот живот

0
139

Нашиот познат актер и шоумен Игор Џамбазов секогаш има интересни приказниз а својот живот, а една од нив е и за една негова песна, Диши длабоко, поточно како таа песна настанала.

– Диши длабоко“ е напишана 2000 и некоја во Кочани. Поточно во местото Гратче, тоа е она прекрасно езеро над Кочани со боја на маслинка. Напишана е за човек што се вика Зоки, таму попознат како Бисе.

Тој и јас, цел живот се викаме „Брату“. И кога ќе дојдев таму на гости, а тој ќе почувствуваше дека нешто не е во ред со мене, ќе го изговореше своето веќе легендарно „Диши длабоко, брату…“.

На крајот на едно лето, свиревме со бендот токму во неговиот град на „Деновите на кочанскиот ориз“. Но, Бисе не се појави. Сепак го видов. Во мобилниот на наш заеднички пријател.

Како прска со црево во некој двор, во некоја Англија, во некоја туѓина. Држи се, брату“, рекол Игор Џамбзов во Женски магазин, а потоа кажал што најмногу памети како совет од мајка му Анче Џамбазова, и од дедо му, Петре Прличко.

– Се трудев да ги запомнам најубавите совети. И мислам дека успеав да ги сочувам до ден денешен. Од нив двајца научив како навистина се сака театарот.

Со посветеност и професионализам. Иако секој од нас има свои „жолти минути“, па така за 35 години во театарот нормално е да се случат и некои грешки кои за среќа не влијаеа многу на мојата кариера“, рекол Џамбазов и додал:

– Во последните петнаесетина години имав такви понуди од политички партии, кои ако ги прифатев немаше да морам да работам ништо со години. Тоа се суми од кои на обичните граѓани ќе им се заврти во главите.

Но, останав доследен на мојата конечна одлука. Поважен ми е мирот, отколку полното ќесе. Мирно спијам, тоа ми е најважно. И денес тврдам дека уметниците се борат против неправдите во општеството само со едно оружје – уметноста.

Оној што ги прочитал моите книги, што ги гледал моите претстави и концерти знае добро за што зборувам. И уште нешто: политиката е за луѓе кои не се разбираат како луѓе“.

Марија Прличкова- Маци, внуката на Игор Џамбазов која лани се омажи на сајтот zenanazena.com отворено зборуваше за нејзината борба со анксиозноста, а овој текст го сподели Џамбазов кој е горда на својата внука.

Актерот и шоумен Игор Џамбазов на социјалните мрежи сподели убави вести минатата година. Тој ја омажи внуката Марија Прличкова.

Марија е правнука на познатиот македонски актер, Петре Прличко, кој бил прв братучед на нејзиниот прадедо. Марија и нејзиниот сакан Емил го кажаа судбоносното „да“, по 7 години врска.

– Aнксиозност имам од кога знам за себе (иако не знаев дека е состојба и дека истата има име), и никогаш не сум примала апсолутно никаква медикадозна терапија.

Прв начин кон спријателување со анксиозноста е нејзиното прифаќање како дел од вас.

Тоа значи да сфатите дека таа ќе биде во ваша сенка постојано, и тогаш кога најмалку очекувате, таа ќе биде спремна да ви прави друштво.

Медитирајте. Не буквално да изигравате Буда, со скрстени нозе и рацете врз колена (иако можете и така, никој не ви брани, но кај мене таквата медитација не помогна).

Медитирајте во парк со затворени очи, обично најдобро е кога е сончево. Излезете и мижете. Уживајте во тишината. Еден од моите начини на справување или методи, како и да ги наречете, е плачењето.

Солзите се чистилиште на душата и од време на време, душата бара да се испере. Сами, без никој да ве гледа, исплачете се од чиста мира, на некој тажен љубовен филм или книга.