Насилникот што нападна мајка и ќерка во скопски Петровец e лишен од слобода

0
211

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите објавени во дел од медиумите за наводно нереагирање на полицијата во врска со извршено насилство врз М.З. (24) од Петровец, скопско. Напротив, веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје и насилникот е лишен од слобода. Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото. Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ.

 

Извор: МВР