на Фејсбук нуди „Samsung“ телевизори по неверојатно ниска цена – 120 денари. Станува збор за измама којашто се пушта спонзорирано за да стигне до што поголем број корисници.
Амазон го раскина договорот Со Самсунг и продава ТЕЛЕВИЗОРИ Samsung QKED за 125 динари.Следете ја врската! Бројот на производи е ограничен!!, се вели во објавата која ја анализираме.
За измамата да биде поверодостојна тука може да се видат и спам-ботови кои „сведочат“ дека наводно го добиле телевизорот за само 125 денари. Споделуваат и фотографии со цел да ги убедат корисниците на социјалните мрежи да наседнат на измамата. Доколку се проверат тие профили на Фејсбук ќе се види дека за нив нема никакви информации.
И на официјалната Фејсбук страница на претставништвото на Самсунг во Македонија не може да се најде понуда на телевизор од 125 денари.
Фејсбук страницата која нуди Самсунг телевизор за 125 ден, не содржи никакви податоци – ниту седиште, ниту фирма, ниту контакт телефон.
Креирањето на лажни Фејсбук страници од страна на непознати креатори со името и логото на познати брендови, неверојатни промоции и лажни наградни игри се покажа како тренд кој мошне добро функционира во Фејсбук просторот, а чија цел е манипулација и собирање на лични податоци на оние корисници кои ќе наседнат на измамата.
Целта на овие страници е да споделуваат лажни објави за да генерираат сообраќај, но и да измамат што поголем број граѓани.
Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.
извор: vistinomer.mk