(ВИДЕО) Возач на училишен автобус паднал во несвест, ученик ја презел контролата и ги спасил колегите

Седмоодделенецот во Мичиген, Дилон Ривс, е вистински херој кој спасил многу животи откако на возачот на училишниот автобус му се слошило додека возел. Имено, Дилон бил во автобусот кој го носел него и другите ученици дома од часовите во училиштето Картер во Ворен, северно од Детроит.

Во еден момент на возачот почнал да му се врти вртоглавица и паднал во несвест. Во тој момент автобусот без контрола продолжил да се движи напред. Храброто момче веднаш скокна од своето место и ја презеде контролата над автобусот. Нагазил на сопирачките и се оддалечил од другите автомобили за да го доведе автобусот на безбедно место, пренесува The Guardian.

Откако Ривс успеал да го запре автобусот, тој им рекол на своите соученици да повикаат брза помош, која набрзо пристигнала заедно со директорот на училиштето Картер. Благодарение на брзата реакција на момчето, ниту едно од децата не е повредено. По драмата се качиле во друг автобус и безбедно стигнале дома.

 

– Ученикот кој помогна да се запре автобусот отиде над и подалеку и не можев да бидам повеќе горд на неговите напори – рече директорот на локалната јавна училишна област, Роберт Ливерноа.

 

Видеото ТУКА

24sata.hr