На што се подготвени младите само заради лајкови на социјалните мрежи, покажува и застрашувачкото видео кое едно момче го објави на Инстаграм, на кое се гледа како тој и неговиот другар се држат за задниот дел од трамвајот, а потоа скокаат од него додека трамвајот се движи.
Видеото предизвика бурни реакции во јавноста бидејќи момчето паднало откако скокнало, но за среќа останало неповредено.
Можеше некој да наиде и да го прегази
– Не ми е жал што падна, но размислете ако некој наиде и го убие, немаше да биде виновен он што скокнал, туку возачот, и тој човек ќе треба да живее со тоа цел живот. Родители, погледнете ги подобро децата пред да биде предоцна – коментира една жена на застрашувачкото видео.
View this post on Instagram
faktor.mk